ЕК и Грција не успеаја да се договорат за планот на реформи

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Европската комисија и Атина не успеаја да се договорат за планот на реформи во Грција, јави Тасс цитирајќи европски дипломат.

-Upload--Vesti-grcija-eu-znaminja-540x320_201522411637

– Договорот за планот за реформи во Грција не е постигнат. Експертските дискусии на Атина со институциите (кредиторите) продолжуваат, прецизирал изворот.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва ќе има средба со германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на која ќе се разговара за досегашниот тек од преговорите меѓу Атина и кредиторите.

Ципрас веќе имаше средба со претседателот на ЕК Жан Клод Јункер при што според извор од ЕК, двајцата „се согласиле да продолжат да работат на изнаоѓање взаемно прифатливо решение што би било прифатено и од Еврогрупата“/ТАСС