ЕК издвои уште 103 милиони евра за Грција за справување со притисокот од бегалци

Дополнителното финансирање за Грција е наменето за трошоци поврзани со приемот и сместувањето на барателите на азил. Ова го објавија грчките европратеници за медиумите.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/CGTN

Европската комисија издвои уште 103 милиони евра за Грција за справување со притисокот од бегалци.

Дополнителното финансирање за Грција е наменето за трошоци поврзани со приемот и сместувањето на барателите на азил. Ова го објавија грчките европратеници за медиумите.

Комесарот на ЕУ за безбедност и миграција, Магнус Брунер, ја информираше грчката влада дека Брисел е подготвен да обезбеди помош со експерти за заштита на морските граници и спасување на мигранти на грчките острови Крит и Гавдос, кои се силно погодени од притисокот од бегалци.

Европските средства ќе се користат за одржување на бегалските кампови, медицинска нега, програми за интеграција и подобрување на безбедноста.

Грчкиот министер за миграција, Танос Плеврис, коментираше дека земјата носи „несразмерен товар“ во управувањето со миграциските текови на надворешните граници на Европската Унија.

Грција се обврза да го забрза процесот на обработка на барањата за азил. Во исто време, според новиот закон за мигранти, државјаните на трети земји без право на заштита се апсат и мора да ја напуштат Грција во одреден временски период.