Ако рускиот гас се плаќа во евра или долари, кои потоа се претвораат во руска валута, компаниите од ЕУ можеби ќе можат формално да избегнат кршење на санкциите против Русија, истовремено почитувајќи го барањето на Москва плаќањата за рускиот гас да се вршат исклучиво во рубљи, соопшти Европската Комисија.
Компаниите треба да побараат и воведување дополнителна процедура за парични трансакции, која би се состоела од изјава за исполнување на договорната обврска по депонирање на соодветниот износ во валута различна од рубљата, пренесе Ројтерс.
Москва ја предупреди Европа дека ризикува намалување на снабдувањето со гас доколку не плаќа во рубљи, откако рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет во март со кој ги повика руските купувачи на енергија да отворат сметки кај „Газпромбанк“ за плаќања во евра или долари, кои потоа ќе бидат претворени во рубљи.
На почетокот на овој месец, Европската комисија соопшти дека исполнувањето на одредбите наметнати од Москва ризикува да се прекршат санкциите на ЕУ, бидејќи со практично плаќање во странска валута на руска банка, која потоа ги претвора во рубљи, девизите сè уште се во рацете на руските властите.
Сепак, во новиот советодавен документ испратен до земјите-членки, комисијата рече дека предлогот на Москва не мора да го спречи процесот на плаќање гас што ќе биде во согласност со санкциите на ЕУ воведени на Русија поради конфликтот во Украина.