ЕК не ги доведува во прашање резултатите од пописот

од Nikola Popovski
312 прегледи

Не ги коментираме резултатите. Како што е наведено во Извештајот за Северна Македонија за 2021 година, законот и методологијата на која се заснова подготовката, организацијата и спроведувањето на пописот се во голема мера во согласност со релевантните стандарди утврдени со статистичкото законодавство на Европската унија, рече денеска портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро за резултатите од пописот.

Европската комисија го поздрави пописот и го опиша како големо постигнување.

Вкупното население во Македонија изнесува 2.097.319 жители, од кои 1.836.713 се резидентни. Нерезидентното население т.е бројот на лица кои не живеат во земјава повеќе од една година е 260.606. На терен не се попишани вкупно 132.260 лица, за кои податоците се преземени од административни извори.

Од вкупното постојано население во земјата, 58,4% од населението се изјасниле како Македонци, 24,3% како етнички Албанци, 3,86% како Турци, потоа 2,53% како Роми, 0,47% како Власи, 1, 3% како Срби и 0,87% како Бошњаци. Според резултатите од пописот, 3504 лица се изјасниле како Бугари.

Слични содржини