ЕК очекува договореното и тоа што ќе се договори во Брисел да се имплементира

од Vladimir Zorba
194 прегледи

Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во изјава за МИА уште еднаш порача дека очекувањата на Европската комисија се дека се што е вчера договорено во Скопје  и што ќе  се додоговри во Бриесл, меѓу Хан и македонските политички лидери, дека треба да се имплементира во добра волја.

maja kocijancic

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на прашањето за реченицата ” транзициски период” пред предвремените избори во април 2016 година, што стои во договорениот документ и дали истиот значи и некаков вид на преодна или транзициска Влада, таа негираше и кажа дека „не би го нарекла транзициски период, туку дека тоа повеќе е состојба во која претстојат предизвици, потенцирајќи ја независностa на судството и владеењето на правото, како главни предизвици.

За тоа што конретно е договорено во Скопје, портпаролката на комесарот Хан укажа на предвремените избори

– Една од работите што комесарот ги кажа е дека она што е договорено е дека ќе има предвремени избори до крајот на април, следната година и исто кажа дека за бројни прашања треба допрва да се разговара и очекуваме дека ова ќе се случи во следните денови, најверојатно идната недела во Брисел. Тој, исто така, говореше за прашањата за кои ЕК е подготвена да и помогне на земјата да се придвижи напред, кога станува збор за предизвиците кои посебно тој ги спомена како прашањето за независност на судството и тоа што треба да се направи во овој контекст, вели Коцијанчич.

Договорот од Скопје,  не е конечен и идната среда (10 јуни) треба да биде потврден од страна на премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на уште една средба со еврокомесарот Јоханес Хан во Брисел.