Данската биотехнолошка компанија Bavarian Nordic (Bava.co) денеска објави дека Европската комисија дала дозвола нејзината вакцина „Imvanex“
да се продава како заштита од мајмунски сипаници, како што препорача Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела.
Одобрувањето доаѓа само еден ден откако Светската здравствена организација издаде предупредување на високо ниво со кое ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници, која брзо се шири, за глобална здравствена вонредна состојба.
„Достапноста на одобрена вакцина може значително да ја подобри подготвеноста на нациите за борба против новите болести“, рече извршниот директор на компанијата Пол Чаплин.
Вакцината Имванекс, единствената одобрена за превенција од мајмунски сипаници во САД и Канада, досега е одобрена само во ЕУ за третман на сипаници, пишува Ројтерс.
Сепак, компанијата ја испорача вакцината во неколку земји од ЕУ за време на актуелната епидемија на мајмунски сипаници за она што е познато како „off-label“ употреба.
Одобрението важи во сите земји членки на Европската унија, како и во Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, се вели во соопштението на оваа компанија.
Развојот на „Imvanex“ беше овозможен со значителни инвестиции од американската влада во последните две децении, додаде компанијата.