Европската комисија денеска усвои одлука за почнување постапка против Грција,Хрватска, Италија, Малта у Унгарија поради повреда на правата на мигрантите и непотпоно спроведување на зедничкиот европски систем за азил.

ЕК против Унгарија покрена постапка поради законот за азил кој таа земја неодамна го усвои.Според комисијата законот во некои точки не е во согласност со законот на ЕУ.Загрижена е бидејќи Унгарија практично ги принудува барателите на азил да ја напуштат територијата пред истекот на рокот за жалба на одлуката или пред жалбата воопшто да се разгледа.
Унгарските власти имаат рок од два месеца да и одговорат на ЕК.
КОмисијата исто така ги повика Грција, Хрватска и Италија правилно да ги спроведат уредбите за базата за податоци на ЕУ со отисоци од прсти на барателите на азил.Тоа е клучно за функционирање на Даблинскиот систем и програмата за релокација на мигрантите во ЕУ.
Прозваните држави имаат ром од два месеца за одговор, а во недостаток на задоволителен одговор или известување за преземените мерки, ЕК може да ги упати тие земји членки на на Суд и да предложи изрекување на финансиски санкции.