ЕК постави ограничувања за увоз на украински земјоделски производи до 5 јуни

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Европската комисија денеска соопшти дека до 5 јуни поставила ограничувања за увоз на украински земјоделски производи, со цел да се ублажи проблемот што настана со вишокот жито во Бугарија, Полска, Романија, Унгарија и Словачка.

Извршното тело на Европската унија објави дека во тој период украинското жито може да се продава во која било друга земја-членка на ЕУ, освен во споменатите пет, кои се пожалија дека евтината цена на украинското жито им штети на нивните земјоделци, пренесе Ројтерс.

ЕУ претходно го олесни целиот увоз на стоки од Украина за да помогне во напорите на земјата да се одбрани од руски напад.

Слични содржини