ЕК предложи БиХ да добие кандидатски статус

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да ѝ дадат кандидатски статус на Босна и Херцеговина, со услови.

Советот на Европската унија, односно сите членки, едногласно ќе одлучат за кандидатскиот статус со услови во декември годинава.

Од БиХ беше побарано да работи на реформите и беа наведени осум приоритети. Се очекува во декември да добијат позитивен одговор од членките, со оглед на тоа дека тоа е идентична формула на препораката на ЕК како што беше случајот со Украина и Молдавија.

Како што пренесува „Кликс“, досегашното искуство покажува дека членовите би можеле да постават дополнителни барања покрај оние што ги дава Европската комисија, но кандидатскиот статус е речиси сигурен.

Слични содржини