ЕК: Проширувањето на ЕУ се заснова на заслуги, не сме фокусирани на датумот

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Проширувањето на Европската унија е политички приоритет за Европската комисија, но тоа е процес заснован на заслуги, изјави денеска портпаролката на ЕК, Дана Спинант.

На прес-конференцијата, кога станува збор за проширувањето, таа истакна дека ЕК не е фокусирана на датумот, туку на блиска соработка со земјите кандидати за подготовка за влез во ЕУ.

На прашањето дали претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој на Бледскиот стратешки форум рече дека ЕУ треба да биде подготвена да прими нови членки до 2030 година, ја координирал таа изјава со претседателот на ЕК, Спинант рече дека не знаела на „било какви контакти во врска со овој говор“.

Слични содржини