585
Европскиот закон за вештачка интелигенција, првата сеопфатна регулатива во светот за вештачка интелигенција, стапи на сила денеска.
Според соопштението на Европската комисија, Законот за вештачка интелигенција е дизајниран да гарантира дека вештачката интелигенција развиена и користена во ЕУ е доверлива и дека се воспоставени мерки за заштита на основните права на луѓето.
Целта на регулативата е да се воспостави хармонизиран внатрешен пазар за вештачка интелигенција во ЕУ, да се поттикне воведувањето на оваа технологија и да се создаде поволна средина за иновации и инвестиции.