Европската комисија денеска соопшти дека до Судот на правдата ќе поднесе тужби против осум земји членки на Европската унија, поради недоволно спроведување на директивите на ЕУ за заштита на укажувачите.
Комисијата најави дека ќе поднесе тужби против Чешка, Германија, Естонија, Шпанија, Италија, Луксембург, Унгарија и Полска.
Како што е наведено, тие земји не имплементирале правила насочени кон обезбедување ефективни канали на укажувачите кои работат во јавниот и приватниот сектор за доверливо известување за прекршување на правилата на ЕУ, пренесува „Ројтерс“.