Екатерина Захариева: Иванов и Груевски немаа ништо против заеднички да ја славиме историјата

од Vladimir Zorba
112 прегледи

 

Бугарија остaнува лобист за евроатланскиот пат на Македонија. Политичарите се одоговорни за продлабочување на односите меѓу граѓаните и државите. Во ексклузивно интервју за Фактор и ТВ 24 бугарската вицепремиерка и шеф на дипломатијата со оценка –“Основниот проблем лежи во политичарите. Според мене, тие, за жал, ги стмулираа историчарите, дали финансиски, дали идеолошки, да ги разделат двете држави.  Затоа и се радувам што ние политичарите созреавме доволно, за да го склучиме овој договор и да им дадеме пример на нашите граѓани… Да ја оставиме историјата на историчарите, но историјатата да не обединува, а не да не разделува, така како што тоа се случува во современа Европа и современиот Свет”

….

Фактор: Дали со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, ќе се надмине деценискиот анимозитетот дозата на меѓусебната недоверба? Властите и во Скопје и Софија се соочуваат со критики, сепак парлментарците во Софија беа едногласни?

Захариева:
Така е, имаше многу критики. Но, се радувам, дека Бугарското собрание едногласно, меѓу другото, ги поддржа напорите на Бугарската Влада за потпишување на Договорот за пријателство и добрососедство, се надевам и ја повикувам и Вашата опозиција да разбере, дека политиката на остар национализам не води кон поврзување на нацијата, води кон точно спротивнот пат. Се надевам дека Вашата Опозиција треба да разбере, дека договорот е пред се добар за двете страни, независно од пофалбите, кои ги добивме од Европската Комисија, пофалбите кои ги добиваме од Германија и Франција, т.е. тој е пред се добар за граѓаните на двете држави.

 

Фактор: Околу од 80 проценти од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка бил усогласен уште во времето на владеењето на ВМРО ДПМНЕ. Како го толкувате огромниот отпор кај екс премиерот Груевски?

 

Захариева:
Би рекла дури 90%. Навистина не наоѓам основ за забелешки и уште повеќе што не 80% , но 90% од текстот на договорот беше скоро договорен, но факт е дека, не беше потпишан. Како политичар можам да ги разберам внатрешно политичките спротиставувања помеѓу Владата и опозицијата, но одговорната политика, независно, дали е во владејачкото управување или во опозицијата би требало да ги поддржува активностите на тие што управуваат и кои ја водат кон Европски напредок и сојузништво со НАТО. Не наоѓам основа за критики и ја повикувам и опозицијата да го поддржи овој Договор, уште повеќе, што голем дел од преговорите, вклучително официјални изјави на бившиот Премиер Груевски, на Претседателот Иванов, биле за негово потпишување, за прославување на заедничката историја. И тоа се официјални изјави, има писма од Претседателот Иванов до предходниот Председател Плевнелиев, писма од претходниот министер на надворешните работи на Македонија, до предходниот министер на надворешните работи во Бугарија, така да треба за отпочне изградба на довербата помеѓу двете држави. Отсега ќе биде потребно време и сите треба да бидеме свесни за тоа. Договорот не значи

 

стопроцентна доверба, но тоа од своја страна значи, дека политичарите на двете држави ќе работат за општа иднина на граѓаните од двете држави и јас силно се надевам дека сите политичари од двете држави ќе работат за овие цели. Се разбира предвидено е да се формира Комисија на паралелен принцип. Да ја оставиме историјата на историчарите, но историјатата да не обединува, а не да не разделува, така како што тоа се случува во современа Европа и современиот Свет. БУГАРИЈА ПРОТИВ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА

 

 Фактор: Македонија и Грција треба да го затворат и спорот околу името? Дали договорот со Софија создава услови за пофлексибилни решенија и за него?

Захариева: Навистина се надевам. Примерот што го дава Македонската влада е стимулативен и јас се повикувам на најавите на Премиерот Заев за решавање на проблемите со соседите, бидејки, како што зборуваме, кога имаш потешкотии со тројца од четирите соседи може би требало да се замислиш, каде има проблем – дали е кај соседите или дали немаш проблем самиот како политичар? Од оваа гледна точка разговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција ќе продолжат со интензивно темпо. Бугарија, како своја желба, посакува решението за прашањето на името да не биде поврзано со Северни географски поими, бидејки, така или онака во Бугарија исто има Пиринска Македонија. Мислам, дека има добронамерност кај сите Влади. Зборувавме со мојот колега во Грција – Г-дин Коsиас, зборував со Г-от Димитров и силно се надевам дека ние политичарите се научивме да правиме компромиси, бидејки политиката, подпишувањето на договори, решавањето на спорови се и компромиси и на двете страни.

Фактор: Во една изјава Премиерот Борисов во јуни 2012 година кажа – „Кога името има географска одредница тогаш се создава опасен преседан“.

Захариева: Не, не е така. Не значи тоа. Веќе напоменав дека не би можеле да се согласиме со решение кое е поврзано со Северна Република, Горна, бидејки тоа за нас е Пиринска Македонија. Но со сигурност тоа е разговор на две автономни држави – Република Македонија и Република Грција. Но и за нас е важно решението за името да не е поврзано со делови од Бугарија.

интервјуто во целост прочитајте го тука