„Екип“: Меси е многу поблизу до Барса отколку до ПСЖ

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Како што се приближува крајот на сезоната, така се интензивираат приказните за иднината на Лео Меси, кој најави дека кога ќе завршат натпреварувачките обврски, тој ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата.

Како што пренесува „Екип“ денес, Аргентинецот, според сите проценки, решил да се врзе за Барселона, откако неговиот договор истекува на 30 јуни.

Претходните денови медиумите објавија дека Меси има понуда и од ПСЖ и од Барселона, но дека тој одлучил да му верува на проектот на Жоан Лапорта.

На Меси, наводно, му бил понуден нов договор на две години, за двојно помалку пари отколку што добива според сегашниот – тоа е околу 25 милиони евра.

Потоа ќе добие статус на амбасадор на клубот, и ќе ја продолжи и заврши кариерата во САД, веројатно кај Интер на Бекам.

Тој ќе остане во Америка до 2025 година, кога ќе се врати во Барса и ќе се вработи во клупскиот спортски сектор.

Исто така, Меси верува дека Лапорта има сериозни намери да го засили тимот и дека му било ветено дека ќе се обиде да го донесе Ерлинг Халанд, како предводник на новата генерација со Педри, Де Јонг, Фати, Араухо, Мингес …

Слични содржини