Екипа на Брза помош со пациент заглавена во лифт во Скопје

од Nikola Popovski
155 прегледи

Екипа на Брзата помош заглави во лифт во зграда во скопската општина Кисела Вода, а со помош на Центарот за управување со кризи тие се ослободуваат. Јавено е на екипи на противпожарната и на полицијата.

-На бројот 112 во ЦУК стигнала пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје.

Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје, стои во соопштението на ЦУК.

Информираат дека имало вкупно 2.281 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие.

Слични содржини