Екипите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје работат интензивно на расчистување на настанатите штети по вчерашното невреме

од Берта Китинска
237 прегледи

Веднаш по невремето кое го погоди Скопје, екипите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, излегоа на терен, односно на сите паркинг простори со кои раководи претпријатието.

Се расчистуваат гранки, паднати дрвја, а на места каде што е потребно се кастрат дрвјата. Се извлекуваат поплавените возила, се чистат запушени шахти, исто така со соодветна опрема се извлекува навлезената вода од катните гаражи.

Како и останатите јавни претпријатија, така и ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, со целиот свој капацитет и ресурси се вложи во решавање на настанатите штети од невремето. Пративме луѓе и механизација за поддршка на ЈП „Паркови и зеленило“, како и на Министерство за внатрешни работи (МВР). Беа ангажирани над 40 вработени, исто така беа ставени на располагање сите возила на претпријатието.

Голем дел од штетите се санирани, меѓутоа екипите се се’ уште на терен и ќе работат се’ до конечно расчистување на настанатите штети.

Слични содржини