Сите имаме барем по еден во семејството и уште по еден на одмор, што „се заборава“ како да е сам на светот под тушот. Да, убаво е и би останале и ние под млазот вода со часови, но малку е себично, нели?
Елизабет Букер е британски дизајнер и едукатор која креираше нов вид на завеса за во бања која не дозволува никому да се задржи под тушот предолго. Идејата на Букер всушност не е да ни продаде производ, туку да нѐ замисли колку многу вода ние трошиме.
„Целам кон провоцирањето на дебата за прашањето со водата и свесноста на луѓето за нејзината потрошувачка“, напиша таа на својот вебсајт.
Најверојатно таа и ќе успее во тоа, бидејќи нејзината креација едноставно наречена “Spiky” (Боцко), е тешка за игнорирање. Станува збор за неколку пластични клинци кои по одредено време во бањата (четири минути) излегуваат и просто те истиснуваат од кабината, така што твојот воден ритуал мора да престане.

Можеби звучи престрого (и многу смешно), но долгото туширање троши тони вода. Според Вашингтон пост, секоја минута на трошење вода залудно, или не директно за миење, е еднаква на 2.5 галони изгубена вода.
Можеби ви се чини како нешто неважно бидејќи се работи „само за вода“, но водата станува сериозно ограничен ресурс и нејзиниот недостаток значи нејзин помал квалитет, потенцијално ширење на пожари, лизгање на земјиштето и поплави. Сушите се многу скапи и затоа треба да се рационализира потрошувачката на вода.