Авиокомпанијата „Ер Франс“ ќе ја намали количината јаглерод двооксид кој се испушта во текот на летовите во домашниот сообраќај до следната година, вели директорката Ан Рига.

Таа вели дека францускиот авио-превозник че инвестира неколку милиони евра во проекти како што се садење дрвја кои би го неутрализирале јаглерод диоксидот како резултат на околу 500 летови дневно во Франција.
Јаглерод диоксидот е најчестиот штетен гас кој настанува со согорување на фосилните горива како гас или керозин.
Активистите за борба против климатските промени последните години вршат притисок на авио-индустријата заради зголемената емисија штетни гасови.