Еколошки и поекономичен: Белгијци дизајнираа иновативен и паметен тоалет

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Четворица белгиски инженери дизајнирале тоалет кој може да ја прилагоди количината на вода потребна за евакуација на отпадот според содржината што влегува во тоалетната школка, а таквиот еколошки и поекономичен пристап е привлечен на меѓународниот пазар, објави порталот „Focus on Belgium“.

Писоари со автоматски систем за испирање се веќе широко распространети. Сепак, иновациите сè уште можат да се развиваат, како што покажаа четворица дизајнери кои работат во IPEE со седиште во Антверпен.

Најновиот изум на белгиските инженери е многу корисен, бидејќи тоалетот наречен Бади (Buddy) овозможува целосна автоматизација на чистењето на тоалетната школка на многу прецизен и хигиенски начин.

Дури и по минувањето на малку невнимателен корисник, тоалетот ќе биде совршено чист, додаде белгискиот портал.

Тоалетот со висока технологија им нуди на корисниците зголемена удобност во смирувачка атмосфера благодарение на пригушеното осветлување.

Нема потреба да притискате ниту едно копче, само мафнете со раката за лесно да го активирате бесконтактниот тоалет, изум за подобра хигиена.

Неговата употреба е исто така дел од одржливиот пристап бидејќи со своите патентирани сензори, овој нов систем самостојно ја прилагодува количината на вода потребна за евакуација на отпадот според неговата количина и природа.

Ваков иновативен тоалет е подобар за животната средина, а е и поевтин бидејќи троши помалку вода.

Toilet Buddy веќе „шармирал“ поединци и компании, а се наоѓа на различни јавни простори како што е аеродромот во Сингапур, додаде „Focus on Belgium“.

Слични содржини