📽 Бил Гејтс се спушти во канализација

од Stefanija Kuzmanovska

По повод Светскиот ден на тоалетот, Бил Гејтс вчера се спуштил во бриселската канализација за да ја истражи нејзината историја.

Во видеото објавено на Инстаграм, милијардерот покажа како истражува подземен лавиринт и ги проучува експонатите на Музејот на канализацијата, пренесува NDTV.

„Ја истражував скриената историја на бриселскиот канализациски систем и улогата на отпадните води во глобалното здравје“, напиша основачот на „Мајкрософт“.

Овој музеј содржи експонати и документи кои ја документираат историјата на градскиот канализациски систем, кој завршил во реката Сена во 1800-тите, што доведе до епидемија на колера.

Денес, отпадните води се пречистуваат со софистициран систем кој се протега на стотици километри.

Да потсетиме, милијардерот со години ја подига свеста за санитарните прашања, па пред осум години пиеше вода прочистена од фекална тиња.

Слични содржини