Економија водена со прислушување

од desk3
82 прегледи

И додека сеуште ги чекаме инкриминирачките разговори, разговорите со кои според најавите се договараат местења на изборните процеси или да не споменувам што уште се не е споменато како можност да ни биде презентирано од „слушалките, веќе импликациите  во економијата и меѓу бизнисмените се страотни.  Ви пренесуваме дел од колумната на Д- р Крсте Шајноски за Фактор:

timthumb

 

Стравот од прислушуваните деловни разговори, односно располагањето на информации од телефонските комуникации на бизнисмените обезбедува извонредни предности на тој што ги знае намерите, постапките и однесувањата на конкурентите. Во секоја зделка тој е во предност пред другите и може да се појавува и како посредник во разни зделки, знаејќи ги намерите на странките.  А ако има моќ каква што има извршната власт, тогаш предностите се уште поголеми. Ова особено ако се има предвид  дека во изминатите години државата беше најголем „бизнисмен“ и во инвестирањето и во вработувањето.

Оттука, незнам само од каде му одважност на Претседателот на Стопанската комора Бранко Азевскида го одликува министерот за финансии за кооперативност со бизнисот кога тој е една од главните ѕвезди  во оваа драмолетка чии заплет допрва следи. Се разбира доколку  кооперативноста Азевски не ја подразбира во помошта која власта им ја дава на блиските до нив бизнисмени преку трансмисија на бизнис инфорамциите собрани преку „слушалките“.

Сеуште е неблагодарно е да се конструираат можни предности на имателите на информациите, додека не се слушнат актерите во снимените ленти. Потоа, ќе можат да се реконструираат определени случувања во сферата на економијата- во добивањето на тендерите, во движењата на берзата, во инвестирањето, во односите со синдикатите, со информативните средства….Теоретските можности одат до длабоко нарушување на пазарните односи  и до воспоставување на „економија водена со прислушување“. Од случаите ќе се види какво било влијанието на ова незаконско дејание и во еконоимијата и во општеството и ќе се оцени колку тоа е причина за повеќегодишната неподготвеност на домашните бизнисмени за остварување на подинамичен развој,освен за преживување на пазарот. И дали е тоа причина за беспримерната  ориентација за привлекување на странски инвестиции за да се обезбеди минимална стапка на економски раст и за запоставување на можностите и интересите на домашниот бизнис.

Целата колумна на следниот линк.