“Економист”: Балканците учествуваат во војните во Украина и Сирија

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Граѓаните на земјите од Западен Балкан учествуваат во воените конфликти од Азовско Море до Алепо. Тоа предизвикува загриженост во нивните влади,  а некои  создадоа закони кои го санкционираат  учеството во конфликти во други држави како кривично дело, пишува британскиот магазин “Економист”.

платеници

Изданието тврди дека Србите се приклучија кон проруски сили во Украина, Хрвати се борат на страната на украинските владини сили, додека балкански муслимани војуваат во Ирак и Сирија во редовите на исламистичките групи и ИСИС.

“За Хрватите и Србите украинската војна е повторување на судирите од 90-тите години на минатиот век, авантура или крстоносна војна”, наведува “Економист”.

Верувајќи дека водат крстоносна борба, Србите се приклучуваат кон малите ултранационалистичките групи во Украина, кои ја презираат својата влада  ја мразат ЕУ и се противат на членството на земјата во НАТО.

Истото е и за Хрватите во украинскиот баталјон “Азов”, познат со нацистичките симболи и привлекување доброволци од цела Европа. Според полскиот истражувач Каспер Рекавек на секоја страна во украинскиот конфликт се борат околу 300 странски државјани, меѓу нив и стотина Срби и околу 25 Хрвати.