Економистите контра бизнисмените: Нема развој со ниски даноци

од Vladimir Zorba
734 прегледи

За економистите и есперите од даночната политика сите противењата за воведување на т.н солидарен данок, се во најмала рака зачудувачки бидејќи се спротивни на општествениот интерес

Потребата од негово носење ја поткрепуваат со низа аргументи, а еден од нив е и фактот дека ваков данок постои во сите високо развиени земји.

Бранимир Јовановиќ

Бранимир Јовановиќ

Не случајно ЕУ лани воведе ваков данок со кој се даночат компаниите кои профитираа од растот на цените минатата година, како супермаркетите, трговците со нафтени деривати и банките“, вели во изјава за „Локално“ Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. 

Добро е што владата конечно реши да го пушти законот со европско знаменце, и се надевам нема да се предомислат, како многупати досега кога се даноците во прашање. Тоа што бизнис заедницата се противи на данокот говори за нив самите, односно покажува дека се против солидарноста. Но, да бидам искрен, не сум изненаден од тоа, додава тој.

Во иста насока е и ставот на даночниот експерт Славко Лазовски.

Славко Лазоски

Славко Лазоски

Како целосно погрешен го отфрла ставот на оние кои данокот го доживуваат како казна, бидејќи неговиот ефект е диајаметрално спротивен, односно дава можности за остварување на поголеми доходи кои по правило најдобро ги искористуваат претприемачите.

Еднаш мора  јасно  и  гласно  да  се  каже: „Данокот  им служи на најдобрите. Кој  не   го  сфаќа  и не  го  оставари  тоа, треба да  помине на сериозен тест  за  претприемништво.Во  секој  даночен  систем  најдобро поминуваат  најдобрите. Треба  што  побрзо  да  заборавиме  на политиката  на  ниски даноци, на  „рамниот  данок“  и на  перманентна  даночна  реформа, кои  за жал  уште  долго ќе   го  притиска  бизнисот  кон дното, а ќе  исфорсира  одметнички групи  со  јасни  лукративни  цели.  Само  големи даноци влачат  напред.  Нема  развој  со  мали  даноци.Само  така  ќе  дојдеме  до она  што  го  бараат  стопанствениците  –  правични норми  на  оданочување“, објаснува за „Локално“, Лазовски. 

Повикувајќи се на суштината на даночната политика да воведува нови даноци па  макар тоа биле и т.н пеперутка даноци кои важат да кус пвременски период, Лазовски потенцира дека посточеката тесна даночна структура е неправична а со тоа и неприфатлива од даночните обврзници.

Даночната  политика  во  изминатите  30  година  е најслаба  токму  на  полето  на воведувањето  на  нови  видови  даноци, односно  збогатување  на  даночната структура. Во овие  30  години не  воведовме  ниту  еден нов  вид данок. Дури  и  воведувањето  на  ДДВ  беше  само  замена  на еден со друг вид данок. Постоечката  даночна структура  е  како  родена  за  нејзино  збогатување  со  нови  видови даноци, бидејќи  е претесна, односно  прмала. Практично,  ние  цело време  возиме  со  пет  вида  даноци  на  национално  и  5 вида  на  локално  ниво, а  треба,  вообичаено да  брои  меѓу  25  до  30  видови  даноци, вели Лазовски.

Предлог-законот за данок на екстра профит според Владата има солидарна функција и треба да обезбеди пари  што во целост ќе се користат за финансирање на програма за мерки за справување со кризата.

Проценките на министерството за финансии се дека со овој данок би биле опфатени околу 200 компании и дека ќе се соберат 70 до 80 милиони евра, кои ќе се трошат за анти-кризни мерки.

К.В.С.

Слични содржини