Економистите предлагаат промена на моделот на доделување државна финансиска помош за инвестиции

од Vladimir Zorba

Измените на Законот за финансиска помош на инвестициите ќе го поттикнат инвестирањето во регионите кои заостануваат зад скопскиот но нема да го решат клучниот проблем а тоа е што државна финансиска помош се доделува откако инвестицијата ќе биде направена.

Ова е ставот на институтот Фајненс тинк во однос на предлогот на Владата, по скратена постапка да се донесат измени и дополнувања на Законот за финансиска помош на инвестициите, а кои ги усвои Парламентот.

Економистите предлагаат промена на моделот на доделување државна помош бидејќи според нив, законот не е тој што ги поттикнува претпријатијата да ја направат инвестицијата.

Земајќи предвид дека целта на Законот е зголемување на конкурентноста и вработеноста, произлегува дека ефектот од Законот е значајно ограничен. Имено, како што Законот е поставен, неговиот главен проблем лежи во фактот што помошта се доделува откако инвестицијата ќе биде направена, наместо пред вложувањето, поради што значајно или целосно изостанува ефектот на поттик”, пишува Finance think.

Промената на моделскиот пристап во доделување државна помош на приватните претпријатија согласно овој Закон според институтот ќе повлече потреба Комисијата за оценка на предлози за поддршка, да се прошири со странски експерти кои ќе овозможат поголема експертиза на проектите но ќе внесат и кредибилитет во целиот процес.

Економистите од институтот сметаат дека предложената измена финасиската поддршка за претпријатие од ТИРЗ да се подигне од 1% на 10 % од вредноста на вкупно извршените набавки наместо да го стимулира поврзувањето на домашните и странските фирми, ќе има ограничен потенцијал да ја постигне целта.

“Законот бара потемелна промена, според која доминантен корисник на финансиска поддршка за поврзување на домашните и странските компании во ТИР зоните, ќе бидат домашните компании кои се или ќе станат добавувач на компанија во ТИР зоните. Поддршката може да се дефинира како што е сега – како удел од вредноста на склучениот договор за добавување – но, укажуваме дека е важно да содржи и додатени елементи кои ќе го помогнат – финансиски и технички – процесот на технолошко зајакнување на добавувачот”.

Oттаму тие сметат дека е потребно целосно бришење на поддршката за освојување нови пазари за што како што потенцираат, во предлог измените на законот нема ниту оправдување ниту резултати од досегашната искористеност.

Конечно  законот не нуди транспаренстот при доделувањето помош децидни се од Finance think, евиденцијата на претпријатијата  кои добиле помош е јавна и истата како обврска на надлежните органи треба да се објави и ажурира на нивната интернет страница.

Слични содржини