„Екоцид“: Сторителот кој ќе направи долготрајна штета на животната средина ќе се соочи со казна од 10 години до доживотен затвор

од Vladimir Zorba
455 прегледи

Во новиот Кривичен законик предвидени се кривични дела против животната средина и природата.

Од министерството за правда за „Локално“, информираат дека во оваа област се предвидени 4 нови кривични дела: екоцид, промена на воден режим, недозволено работење на постројки,загрозување на околината со бучава, вибрации или нејонизирачко зрачење.

За „екоцид“ затворска казна од 10 години или доживотен затвор 

„Тој што спротивно на прописите, со намера да предизвика штета на животната средина, ќе преземе дејствие или ќе пропушти да преземе дејствие поради кое ќе настане сериозна или широкораспространета или долготрајна штета на животната средина, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор“, е наведено во новиот Кривичен Законик.

Од министерството за правда појаснуваа дека досега проблем за инспекторите за животна средина, а понатаму и на органите на прогонот, биле доказите за точно колкаво е загадувањето.

„Сега при откривањето и казнувањето ќе биде доволно да се утврди ‘загадување повеќе од дозволеното’, со што постапката се олеснува. Кривичниот законик е на ЕНЕР и сите заинтересирани старни може да даваат свои предлози , идеи и сугестии по што ќе се пристапи кон изготвување на конечно законско решение. Се очекува новото законско решение да биде доставено до Влада до крајот на годината“, појаснуваат од Правда.

„Екоцид“ ќе има ефект пред се од превентивен карактер 

Во разговор за „Локално“ од Државниот инспекторат за животна средина велат дека  воведувањето на ова дело во КЗ пред се ќе има ефект„од превентивен карактер“.

„ДИЖС учествуваше во работата на Платформата Еколошка правда заедно со МАНУ, МЖСПП, ЗЕЛС, Центарот за правни истражувања и анализи, Министерството за правда, граѓански здруженија итн во рамки на која беа разгледувани и измени во Поглавјето кривични дела против животната средина во рамки на Кривизчниот Законик. Едно од предложените кривични дела е и Екоцид, кој пролетва го усвои и Европската Унија и всушност ова кривично дело е усогласување со претходно кажаното. ДИЖС цени дека воведувањето на ова дело ќе има ефект пред се од превентивен карактер“, според инспекторатот.

Надзори и казни 

Од периодот од јануари до јуни 2022 година ДИЖС планирал вкупно 859 инспекциски надзори, од кои 725 редовни, 12 вонредни надзори и 114 контролни инспекциски надзори.

Реализирани се повеќе од 1.057 инспекциски надзори, од кои 692 редовни, 185 вонредни.

Во овој период според информациите на инспекторатот поднесени се 15 спогодби, 8 платени налози, 12 прекршочни и 1 кривична постапка.

Б.М.

Слични содржини