И покрај политичката реалност и ставот на опозоцијата, Европската комисија ја остава отворена можноста од одржување на избори со учество и на СДСМ. Криејќи ја вознемиреноста од политичката криза, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, во изјава за агенцијата „Мета“ истакнува дела ЕУ од средината на месец февруари ќе го истражи постигнатиот напредок околу Избирачкиот список, не исклучувајќи ги можните сценарија поради неисполнувањето на предусловите за избори во април.
„Во оваа фаза, заедно со ОБСЕ/ОДИХР веруваме дека се’ уште е возможно да се направат неопходните реформи за доверливи и демократски избори, под услов тие реформи да се спроведат. Но, сето тоа зависи од напредокот кој ќе се постигне и затоа од средината на месец февруари ќе ја разгледуваме работата, особено околу Избирачкиот список. Тоа ќе го сториме со сите засегнати страни (Европската комисија, државите членки на ЕУ, ОДИХР, ДИК и локалните претставници), со цел да се оцени дали во одредениот датум се исполнети условите за доверливи избори“, рече Маја Коцијанчиќ, портпаролка на Европската комисија.
Од друга страна, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за Алсат-М објасни дека таа ги прави потребните подготовки за набљудување на изборите со неопходните капацитети.
„Во тек е регрутација во рамки на подготовките за изборите во април. Набргу планираме да испратиме целосна мисија која ќе ги следи изборите, како одговор на поканата која ја добивме, исто како и претходно. ОДИХР има мандат да го набљудува изборниот процес, да оцени колку се почитуваат фундаменталните слободи и дали ќе се окарактеризираат со еднаквост, универзалност, политички плурализам, доверба, транспарентност, во линија со обврските кои државата ги презеде во рамки на ОБСЕ. Ние не сме вклучени во администрацијата на изборите, но ќе делуваме како непристрасни набљудувачи“, наведуваат од Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Кога избори? или „Хан – Mission IМPOSSIBLE“
Последните политички настани ги коментираа и од официјален Берлин. Иако не го коментираа можниот бојкот на изборите од страна на опозицијата, Германската амбасада во Скопје во изјава за Алсат-М, истакнува дека изборите треба да бидат доверливи и сеопфатни.
Германска амбасада во Скопје:
„Договорот од Пржино и понатаму останува на сила и треба целосно да се спроведе. За жал, се’ уште постојат сериозни доцнења во многу сфери. Оставката на премиерот и изборите се двата најважни дела од договорот. Овие избори треба да бидат доверливи и сеопфатни. Такви можат да бидат само доколку сите партии се убедени дека ќе имаат подеднакви можности и шанси“, се истакнува во ставот на Германската амбасада во Скопје.
Франкфуртер Рундшау: Фатална погрешна проценка во Македонија
Неофицијално, комесарот Хан во февруари ќе направи нови обиди за да ја убеди опозицијата да учествува на изборите. Во рамките на активностите на Хан сега ќе фингира некоја межупржинска своја форма на „средување на работите“ , и предвидува тој да извршувал инспекција на пречистувањето на Избирачкиот список, да се осигури дека опозицијата ќе има медиумски простор и дека ќе бидат исполнети сите предуслови за одржување на доверливи избори.
Нема одговор откако Хан ќе изврши инспекција дека ќе остабат само неполни два несеца да се спроведе тоа а идејата на пржинскиот договор беќе да има простор најмалку4 месеци пред избори да профункционираат реформите и да се создадат услови за фер избори.