ЕКС фудбалерот на Ливерпул во животна опасност: Потресни зборови на сопругата (ФОТО)

Фудбалскиот свет е во шок, откако екс фудбалерот на Ливерпул и ЦСК Москва, Марк Гонзалес на 36 годишна возраст доживеа срцев удар и во моментов е во животнозагрозувачка состојба.

Јавноста за оваа ситуација дозна од неговата сопруга Маура Ривера, која што со потресни зборови се обрати до сите:

„Љубовта на мојот жвиот, моја сродна душо! Каков шок ми приреди. Изминатите ноќи беа ужасни, а деновите исполнети со неизвесност.

Престрашно. Го пишувам ова додека сè уште си со нас и додека си малку подобро, а самиот факт дека сè уште си тука ме тера да уживам во секој момент со тебе и со семејството, но и во животот. Неверојатно е како работите можат да се сменат за дел од секунда. Животот може да нè изненади и да нè искушува, но со вера, сила и надеж можеме да излеземе од сето ова уште посилни. Сакам да бидеш со мене засекогаш!“, напишала Маура.

Слични содржини