Екс-градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е предлогот за нов претседател на РКЕ

Ристов денеска доби поддршка од седум членови на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, со два гласа „против“ и без ниту еден воздржан

од Nikola Popovski
33 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Ацо Ристов, дипломиран електроинженер со богато раководно искуство во енергетскиот сектор, хидроенергетиката, водоснабдувањето, третманот на води, рударството и инфраструктурните системи, е предложен за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Неговото именување доаѓа по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски.

Ристов денеска доби поддршка од седум членови на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, со два гласа „против“ и без ниту еден воздржан. Предлогот за негово именување треба да биде потврден на пленарна седница.

Инаку, Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 до октомври 2025 година ја извршувал и функцијата градоначалник на оваа општина.

Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година.

Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.