Екс-министерката ќе бара оштета, кажа сопругот на Јанкулоска

од Nikola Popovski
110 прегледи

Влатко Илиевски, сопругот и адвокат на Гордана Јанкулоска која денеска беше ослободена од вина за предметот „Тврдина“ изјави за медиумите дека Судот ги прифатил наводите на одбраната дека кај екс-министерката за внатрешни работи не постоело умисла или намера за да се оштети опремата за прислушување, ниту да се причини штета врз државата. Одбраната е задоволна и сега се чека од Апелација да ја потврди ослободителната пресуда.

Илиевски се надева дека, ако не во кривична, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето и да се надомести нематеријалната штета која што Јанкулоска ја претрпела, како што вели, како една од најголемите жртви на прислушувањето. Неговата сопруга и клиент ќе бара оштета во граѓанска постапка.

-Немала информација дека ќе се врши (уништување на опремата за прислушување) бидејќи кога е пратен извештајот дека опремата е уништена, Јанкулоска веќе не е министер. Извештајот е пратен на 8 мај, а Јанкулоска веќе следниот работен ден не е министерка. Таа формирала Комисија која имала општ назив и која требало да направи попис. Апсолутно не било наведено каква опрема ќе се попишува, ниту дека треба нешто да се уништи. Се однесувало за опрема која била во рамките на целата УБК, кажа Илиевски во изјава за медиумите по завршувањето на судскиот процес.

Слични содржини