Екс-министерот Меџити и проф.Чибишев се нови директори на Неврологија и Токсикологија

од Nikola Popovski
231 прегледи

Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека до денес разрешени се 9 економски директори на повеќе скопски клиники. Исто така обелодени дека веќе се назначени нови директори на дел од клиниките. Таравари ова го истакна при посетата на Здравствениот дом Скопје од каде најави вработувања во здравството.

-Не ги памтам сите, но меѓу нив е и економската директорка (Бесија Иљази) на Токсикологија. Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити, кажа Таравари во изјава за медиумите.

Според новиот министер, утврдени се неправилности во работата на Иљази на Клиниката за токсикологија.

Целта, според него, е повеќе да нема економски директори на клиниките.

Слични содржини