Екс-пратеник од ДУИ се приклучи на таборот на Меџити

Зибери е поранешен директор на Центарот за јавно здравје во времето на владеење на Владата на СДСМ и ДУИ

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Фејсбук

Поранешниот пратеник на ДУИ, Арбен Зибери го продолжува своето политичко делување, но овој со таборот на Изет Меџити. Тој преминува во Демократското движење предводено од Меџити, кое е дел од коалицијата ВЛЕН, јавуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик.

Зибери е внук на поранешниот народен правобранител и екс-кандидатот за премиер, Насер Зибери.

Зибери беше пратеник на ДУИ во претходниот собраниски состав, а во Владата на СДСМ и ДУИ беше и директор на Центарот за јавно здравје.