Екс-претседателот на Русија им се закани на САД: „Се случи неочекуваното, мора да се одговори“

од Nikola Popovski
319 прегледи

Москва може да одговори на американското конфискување на руските девизни резерви, замрзнати од Западот, со запленување на имот, вклучително недвижности и готовина на американските граѓани и инвеститори во Русија, изјавил во саботата заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател Дмитриј Медведев.

Претставничкиот дом на САД усвои закон со кој се дозволува администрацијата на Бајден да ги заплени руските средства во американските банки и да ѝ ги пренесе во Украина. Кремљ соопшти дека таквиот потег би бил незаконски и ќе резултира со руска одмазда.

Како одговор на руската агресија против Украина, САД и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии и замрзнаа околу 300 милијарди долари суверени руски средства на Запад. Повеќето се лоцирани во европски, а не американски финансиски институции.

Г7 размислува исто така што да прави со замрзнатите руски средства.

Медведев, близок соработник на претседателот Владимир Путин, во саботата рече дека Русија нема да може да возврати со иста мерка на какво било американско запленување на нејзините резерви.

– Причината е јасна – немаме значителен износ на државни средства на САД… Затоа, одговорот може да биде само асиметричен, но нема да биде помалку болен – напишал Медведев на Телеграм.

-Станува збор за извршување, на пример со судска одлука, на имот на приватни лица под јурисдикција на Русија (пари, недвижности и движни средства во натура, имотни права), додал тој, пренесува „N1“.

– Да, ова е сложена приказна бидејќи овие поединци најчесто делуваа како инвеститори во руската економија, ркеол Медведев.

-И им гарантиравме неповредливост на правата на приватната сопственост. Но, се случи неочекуваното – нивната земја ни објави хибридна војна. На тоа мора да се одговори – заклучил Медведев.

Екс-претседателот додал и дека е неопходно да се промени законот за да се овозможи таква конфискација на имот во корист на руската држава.

Гувернерката на руската централна банка, Елвира Набјулина, во петокот изјавила дека Москва ќе ги брани своите легитимни интереси доколку ѝ се конфискува имотот, но не откри стратегија или тактика.

Слични содржини