Ексдиректорот на УБК влезе во затворот во Струга

од Берта Китинска
323 прегледи

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, влезе во затворот во Струга да ја опслужува затворската казна од три години, која ја доби откако се спогоди за случајот „Империја“.

Претходно Мијалков се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и освен казната затвор му се одзема и имот вреден над 30 милиони евра.

По ова поранешниот директор на УБК ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга.

Издржувањето на затворската казна во затворот во Струга, кој е од отворен тип, наиде на бурни реакции кај јавноста. Министерот за правда, Никола Тупанчески, ова го нарече „затворски туризам“, бидејќи погодностите во овој затвор се многу поголеми, а Мијалков не е прв кој искористи можност да одлежи казна таму, со промена на живеалиштето во Охрид.

Пресудата за „Империја“ по претходна спогодба со Мијалков, беше изречена на 8 јули. Мијалков казната од три години ја доби со спогодба преку која на државата и даде имот вреден над 30 милиони евра

Слични содржини