Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон роди девојче. Ова го соопшти РИА Новости, без да објави детали засега. Информацијата е потврдена од дворецот Кенсингтон.Засега не е јасно како ќе биде именувано детето.
Веста беше објавена и од кралската болницата “Сент Мери”.
За војвотката се грижи истиот медицински тим, како при првото раѓање во 2013 година.
Бебето ќе е четврто по ред за наследување нас тронот на Велика Британија. Тоа го турка принцот Хари до петтата позиција.
Вилијам и Кејт објавија дека чекаат второ дете на 8 септември минатата година. Се претпоставува дека зачнувањето се случило во август, што значи дека може да се случи и за време на посетата на кралската двојка во Белгија по повод годишнината почетокот на Првата светска војна.
Откако првичната малаксаност на Кејт од бременоста помина, таа продолжи да ги извршува кралските обврски. Во јануари таа соопшти дека чувствува како бебето клоца. До последно, како и со своето прво дете, принцот и принцезата не го соопштија полот на бебето.
Откако ја напушти болницата, семејството ќе поминат неколку дена во палатата Кенсингтон. Потоа тие ќе заминат за провинциската палата на кралицата во Норфолк. Вилијам ќе се повлече од кралските обврски за околу две недели.

