Три лица се приведени за време на специјална операција во предградието “Сен Дени” Во северен Париз. Уште две лица се забарикадирани во станбена зграда, соопшти ТАСС.Наводно, неколку полицајци биле повредени во престрелката, која експлодирала за време на операцијата. Според полициски извори голема операција во северниот дел на француската престолнина се одржува со цел апсење на еден од осомничените за учество во серијата терористички акти во Париз од 13 ноември.
По проучувањето на видеата од камерите заклучено е дека во терористичкиот чин учествувал уште еден човек . Така според последните податоци, во терористичките акти учествувале девет лица – седум од нив загинуваат со саморазнесување или се застрелани од полицијата. По двајца во моментов се трага. Потерница е прогласен и за трет екстремист.
Станува јасно дека целта на акцијата во париското предградие “Сен Дени” е “мозокот” на нападите од петок Абделхамид Абауд. Тој се забарикадирал во опколениот стан, каде води жестока престрелка. Посебни делови и брза помош го окупираа кварот , а луѓето се евакуирани. Над соседството летаат хеликоптери.Радио “Монте Карло” ја соопшти информацијата но сеуште не е потврдена и официјално.