Американскиот нафтен гигант Ексон Мобил го зголеми надоместокот на неговиот генерален директор Дарен Вудс на 17,5 милиони долари за 2017 година во споредба со неговиот претходник, Рекс Тилерсон, кој до неодамна беше американски државен секретар.

Профитот на компанијата се удвои во текот на минатата година, а Вудс го предводеше проширувањето на Ексон Мобил во Бразил, Гвајана, како и на американските нафтени полиња. Одлуката за надоместокот на Вудс треба да биде формално одобрена на 30 мај во Далас