Експеримент е тежок збор, вели Сали за случајот со клиниката „Жан Митрев“

од Nikola Popovski
305 прегледи

Министерот за здравство, Беким Сали информира дека се уште се утрдува дали се правеле експеримети во клиниката „Жан Митрев“ со клиничките испитувања и хемофилтрацијата.

-Ќе утврдиме, да не носиме одлуки кои ќе влечат „зошто вие сега враќате назад ситуации“? Ќе утврдиме во МАЛМЕД, но и ОЈО ќе собере изјави на граѓани. Ние не смееме да забрзуваме со истрагата. Доколку ИРЛ правеле истражување во две години, треба време ние да го потврдиме тоа. Во време на ковид, ниту една земја или здравствен систем, не може да каже дека ја користиме таа метода или тие лекови, врз основа на медицина базирана на докази, бидејќи нема искуство. Се што е ново, не е базирано на докази. Се што се правело е врз основа на искуство од други земји или институции како американското ЦДЦ, кои давале препораки како да се постапува со пациенти, потенцира Сали на прес-конференција.

-Експеримент е тежок збор. Зошто би штител некого, ако има одговорност, ќе има, додаде Сали.

Слични содржини