254
Експертот за човекови права на Обединетите нации, Фионула Ни Ајлеин, денеска изјави дека според критериумите на меѓународното право, американската влада се однесувала сурово, нечовечно и понижувачки кон затворениците во логорот Гвантанамо.
Таа го повика официјален Вашингтон да се извини за нечовечкиот однос и да ги обештети повредените.
„По две децении поминати во притвор, страдањето на оние кои останаа во заливот Гвантанамо е длабоко и продолжува“, рече Ајлеин во разговор со новинарите по посетата на експерти на ОН на затворот во Гвантанамо, Куба, пренесува Ројтерс.
Таа порача дека американската влада мора итно да даде правна разрешница, извинување и гаранција дека вакво нешто нема да се повтори.