Експерт на СЗО: Ќе има голем ризик сè додека не ја добиеме вакцината

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Делови од светот почнуваат да се извлекуваат од пандемијата на вирусот Ковид-19 и претпазливо го продолжуваат нивниот нормален живот, но вирусот останува голем ризик сè додека не се развијат вакцините, изјави денес експертот на Светската здравствена организација – Мајк Рајан. Тој оцени дека некои земји сè уште се во центарот на пандемијата, додека други почнаа да покажуваат знаци на намален обем, пренесува Ројтерс.

– Во таа смисла, постои надеж. На глобално ниво, ситуацијата е многу, многу сериозна, но причините за заболувањето и траекторијата на вирусот се многу различни во различни делови на светот. Можно е да се стави болеста под контрола и можно е да се продолжи нашиот нормален економски и социјален живот на нов начин и со голема претпазливост, рече Рајан.

Тој посочи дека во некои земји во Африка и Централна и Јужна Америка, траекторијата на вирусот сè уште расте, и дека иако се чини дека сега не претставува голем проблем, тестирањето останува проблем.

– На средина см на битките на нашите животи, сите ние низ целиот свет. Тоа ќе биде голем и долг ризик сè додека немаме достапна за сите, безбедна и ефикасна вакцина, рече Рајан.

Ублажувањето на мерките што започнаа да ги спроведуваат одделни земји не значи дека вирусот е апсолутно поразен, туку дека доаѓа до моментот кога вирусот може да се контролира и да се започне одново економскиот и социјалниот живот.

Рајан исто така предупреди дека владите кои сакаат да ги ублажат мерките, мора да го сторат тоа со голема претпазливост.
Predupreduvanje od stručni lica na SZO: wille ima golem rizik sè dodeka ne ja