Експерт: Забраната на УЕФА може добро да влијае врз финансиите на Сити

од Vladimir Zorba

Екипата на Манчестер Сити може да има финансиска корист од забраната за учество на евротурнирите во следните две сезони. Ова го велат некои финансиски експерти.

„Граѓаните“ беа остро казнети со неможност да се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА во наредните две сезони, поради кршење на регулативите за финансиски фер-плеј. Ова ќе значи и губење на милиони за рекламни права за учество во Лигата на шампионите, како и можно разделување со некои од најголемите sвезди на тимот.

Сепак, финансискиот експерт на Ливерпул, Киеран Мегваер смета дека ваквите мерки ќе бидат премногу и дека клубот би можел да има корист од оваа ситуација.

„Нема да има потреба од продажба во итни случаи. Тие би имале корист дури и од не учество на европски турнири, бидејќи според европските стандарди, лимитот на загуби треба да биде околу 30 милиони фунти годишно, додека во Премиер лигата е 105 милиони фунти“, рече експертот.

Ова значи дека Сити би можел да троши повеќе во трансфер прозорецот, ако успее да ги балансира своите сметки.

Слични содржини