Експерти, дел од капиталните проекти предоцна започнати

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Доцна се почна со изградбата на нови патишта и затоа ефектите од изградбата ќе се пролонгираат. Ова е оценката на дел од економистите, по најавите на Владата за нови инвестиции во патната инмфраструктура. Според експертите вложувањата во изградба на патишта треба да бидат приоритет, оти на долг рок ќе ја зголемат акономската активност, информира АлсаМ.

237857
„Инвестициите во овие капитални проекти како што е инфраструктурата започнаа релативно многу доцна. Требаше да настанат пред 7, 8 или 10 години.Истите се поинтензивирани во последните неколку години. Така што ефектите и нивната доизградба треба допрва да се почуствува. Не би можеле да кажаме дека во моментот ние располагаме со добра патна инфрастуктура со оглед дека најголем дел од оние зафати се на некои главни магистрални а додека патиштата кои што се во внатрешноста на Македонија се уште не се на тоа добро ниво и се уште имаме голема потреба од вакви инвестиции”, рече Благица Петрески, „finance think”./повеќе на извор АлсатМ