Делницата од автопатот „Струма“, каде изгоре автобусот, ја изградила македонска компанија пред неполни 20 години, изјавија патни експерти од Ќустендил, запознаени со реализацијата на проектот, пренесе бугарската телевизија „Нова“.
Проектот е на бугарска фирма, а Македонците биле само изведувачи.
Според експертите, изградбата на делницата по добиен тендер ѝ е доверена на македонска компанија.
-Но, комплицираната ситуација со одморалиштето со чешма од страничниот дел на патот била предвидена од бугарскиот проектант, а не од македонските изведувачи. Значи, не е виновен изведувачот. Инаку, трасата е во добра состојба и е добро одржувана, заклучуваат експертите.