Експертите на ОН денеска предупредија дека истекува времето за „спречување на геноцид и хуманитарна катастрофа“ во Газа и го осудија Израел затоа што, како што наведоа, одби да ги „запре плановите за десеткување“ на палестинската енклава.
„Остануваме убедени дека палестинскиот народ е во голема опасност од геноцид“, според експертите, вклучително и неколку специјални известувачи на ОН за правата на храна, безбедна вода за пиење и ситуацијата на окупираните палестински територии, според веб-страницата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (OHCHR).
Експертите изразија вознемиреност од израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа од вторникот вечерта, во кои загинаа и беа повредени стотици Палестинци, нарекувајќи го дрско кршење на меѓународното право.