В понеделник се очекува да се комплетира листата со имињата на експертите со кои Министерството за здравство ќе потпише договор со цел да утврдат дали се вршеле непотребни операции кај пациенти во приватните болници, изјавил минитерот за здравство Азир Алиу за ТВ24.
Алиу потврдил дека еден експерт ќе биде од Словенија, вториот е одлучено да биде од Италија, а за изборот на третиот во игра се имиња од Австрија и Германија.
Одлуката за ангажирање на странски експерти според министерот Алиу е со цел поголема објективност и утврдување на вистинската слика.