Повеќето парови решаваат да му дадат шанса на бракот во првите пет години од нивниот заеднички живот, пред да решат дека едноставно нема да им успее и дека треба да се разведат.
Истражувањето открило дека луѓето на возраст од 28 до 32 години имаат помала веројатност да се разведат во првите години од бракот. Овие години се сметаат за идеални за влегување во брачна заедница и даваат поголеми шанси бракот да биде поуспешен, пренесе „Еспресо.рс“.
Претходни истражувања покажаа дека колку подоцна стапите во брак, толку е помала веројатноста да се разведете.
Новите податоци покажуваат дека големи се шансите за развод кај оние кои стапуваат во брак како тинејџери или во раните дваесетти години, како и кај оние кои ќе се решат на овој чекор околу 45-та година од животот.