Деменцијата и сенилноста се едни од најчестите болести кај постарите лица. Околу 50 милиони луѓе ја имаат оваа болест, која предизвикува проблеми со меморијата и другите когнитивни вештини, а речиси 10 милиони нови случаи се дијагностицираат секоја година, според Светската здравствена организација.
Добрата вест е дека промените во исхраната може да го одложат стареењето на мозокот. Најважната промена што можеме да ја направиме е да ги вклучиме омега-3 масните киселини во нашата исхрана.
Мозокот како и кожата, но и сите други органи, стареат, а омега-3 масните киселини се најдобри хранливи материи за здравјето на овој орган.
Според експертите, масната риба е најдобрата храна за да се спречи губење на меморијата. Лососот и харингата имаат највисоко ниво на омега-3 масни киселини меѓу природната храна.
Затоа експертите предлагаат да ги вклучиме во исхраната за подобро здравје на мозокот.
Нашиот мозок содржи многу масни клетки и многу од нив се направени од омега-3 масни киселини. Тоа значи дека помагаат во одржувањето на мозокот со градење на нови клетки, што е од клучно значење за когнитивното здравје, меморијата и општата функција на мозокот.
Сепак, придобивките од омега-3 масните киселини не се ограничени само на мозокот. Токму овие типови на масти се поврзани со намалување на ризикот од срцеви заболувања, а помагаат и во одржување на нивото на триглицеридите и намалување на симптомите на артритис.
Исто така, бројни студии покажаа дека омега-3 масните киселини можат да помогнат во спречување на деменција и Алцхајмерова болест, двете болести кои се поврзани со стареење на мозокот и губење на меморијата.