Експерти пресметале кој дел од денот е најстресен за повеќето луѓе

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Иако секој дел од денот понекогаш може да биде стресен, експертите успеале да пресметаат кое време од денот е најстресно за повеќето луѓе.

Според „The Healthy“, истражувањето спроведено од група научници во Лондон, во кое учествувале две илјади луѓе, покажало дека најстресното време за повеќето возрасни е околу 7:23 часот наутро. Како што може да претпоставите, ова се должи на честите таканаречени утрински стресови.

Студијата исто така покажа дека има мала разлика во најстресното време од денот во зависност од полот.

Со првата пречка во денот жените обично се среќаваат малку порано од мажите, односно во 7:50 часот. Кај мажите, првиот индикатор за стрес започнува речиси еден час подоцна, поточно во 8:43 часот.

Овие утрински драми дури можат да ја попречат вашата продуктивност во текот на денот, објаснуваат експертите кои работеле на истражувањето.

Според експертите, утринскиот стрес најчесто е предизвикан од тоа што не завршуваме се на време во раните утрински часови, сообраќајниот метеж, наоѓањето место за паркирање, подготвувањето појадок за семејството и подготвувањето за работа. Тоа се само дел од проблемите со кои се соочуваат повеќето од нас, а сето тоа влијае на нивото на стрес.

Слични содржини