Како безбедносните служби дозволија група од стотина добро вооружени лица да влезат во Куманово и што правеле Агенцијата за разузнавање и другите служби, прашуваат експертите за безбедност по полициската акција во Куманово, во која загинаа и припадници на полицијата. Од надлежните органи нема објаснување, анализира 24 Вести.
„Повеќе од јасно е дека има пропусти во извршувањето на безбедносната функција на нашиот систем за безбедност затоа што ако имаше информации, ако ни се случи Гошинце, мислам дека не смееше да се дозволи да пристигнат тука вооружени групи. Потфрлија во целина разузнувачките информации и сега полицијата е изложена на судир со овие паравоени формации.“, рече поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов
Експертите се едногласни дека за овие пропусти мора да се сноси одговорност, особено што резултираа со загуба на животи на полицајци. /24 Вести
