Експертите открија дали е штетно мокрењето во море и дали има последици по водниот свет

од Vladimir Zorba
342 прегледи

Американското хемиско здружение тврди дека не само што мокрењето во море или океан не е штетно, туку е и корисно. Имено, тие објавија видео во кое објаснија дека е сосема добро и нормално да се мокри во морето, а за тоа има неколку причини.

Според нив, урината е 95 отсто вода, а има и меѓу еден и два грама на литар јони на натриум и хлорид.

– Уреата е главниот отпаден производ во нашата урина. Како што нашите тела ги разградуваат протеините во храната, уреата е резидуално соединение кое се ослободува од вишокот на азот во нашите тела. Количината на уреа што ја испуштаме во урината е само „капка во океанот“ – велат експертите, цитирани од „Британика“.

Според нив, дури и сите жители на Земјата да уринираат во морето во ист момент, нема да има штета.

– Урината сама по себе е безопасна, па дури и кога ќе се разреди со морска вода, за само неколку секунди станува безначајна. Во морињата и океаните има многу поштетни работи од нашата урина – изјави биохемичарот Стјуарт Џонс.

Слични содржини