Kонсумирањето чоколадо може да влијае на квалитетот на вашиот сон позитивно отколку што се сметаше порано.
Но, пред да се нафрлите на целото чоколадо што сте го скриле во кујнските ормани – продолжете да читате.
Добрата вест е што истражувањето на New Scientist откри дека тајната на блажениот ноќен сон може да биде токму во опојниот мирис на чоколадо. Откриено е дека одреден вид мозочна активност поврзана со будност, значително се намалува кога чувствуваме мирис на чоколадо, што резултира во порелаксирана состојба на умот што може да ни помогне да се чувствуваме поподготвени за спиење.
Чоколадото исто така содржи неколку витамини и минерали кои можат да помогнат во регулирање на нашиот сон, како што се калциум, магнезиум и теобромин. Исто така, утврдено е дека консумацијата на какао го намалува стресот и вознемиреноста, кои можат да не одржат будни и навечер, па уживањето во чоколадо пред спиење сигурно ќе ви помогне да се опуштите.
Сепак, има и лоши вести – чоколадото содржи кофеин, кој е непријател на квалитетен ноќен одмор.
Всушност, колку повеќе какао има во чоколадо, толку повеќе кофеин содржи, што е хемикалија одговорна за создавање чувство на будност и нарушување на спиењето.
Значи, црното чоколадо, кое е најздрава опција бидејќи содржи најмногу какао, може да биде лоша опција пред спиење. Чоколадото со најмала содржина на кофеин е бело чоколадо. Но, содржи големи количини шеќер, па затоа е важно да се постигне вистинската рамнотежа, пишува „Дејли Стар“.